TRODAT НАКУСО

Trodat потекнува од Австрија, но одамна ги премина државните граници. Денес Trodat Group опфаќа повеќе од триесетина меѓународни филијали со повеќе од илјада вработени низ целиот свет. Вкупниот обрт на Trodat Group во светски рамки во 2012 година изнесуваше 145,7 милиони евра. Веќе со децении Trodat упорно се шири и денес е водечка компанија на светскиот пазар за автоматски печати со вградено перниче и е доминантен во областа на гравирањето, маркирањето и режењето со ласери преку Trotec.

Со својот асортиман од производи и преку своите филијали Trodat нуди сè во врска со печатите. Деловните партнери и клиенти низ целиот свет со години се одушевуваат од неговата филозофија на додадена вредност.

Печатите и другите производи на Trodat се иновативни и приспособени за секаква примена. Сестринската компанија Trotec ја произведува потребната технологија за производителите на печати и им овозможува да прават печати со конзистентно чист и убав отпечаток. И деловните и приватните клиенти можат да состават и да купат совршен печат на интернет преку она што го нудиме на uTypia shop – кој може да биде и во боја откако на пазарот го претставивме Trodat Multi Color Impression!

Trodat им испорачува производи на клиенти во повеќе од 150 земји низ целиот свет; уделот на извозот е 98 проценти. Сепак, Trodat не се задоволува со овој успех. Веќе е зацртан курсот на корпоративната стратегија не само за работење на компанијата во иднина, туку, пред сè, за постигнување натамошен растеж во сите области.