За Trodat

Trodat потекнува од Австрија, но одамна ги премина државните граници. Денес групацијата опфаќа повеќе од триесетина меѓународни филијали со повеќе од илјада вработени низ целиот свет. Вкупниот обрт на компанијата во светски рамки во 2012 година изнесуваше 145,7 милиони евра. Веќе со децении Trodat упорно се шири и денес е водечка компанија на светскиот пазар за автоматски печати со вградено перниче и е доминантен во областа на гравирањето, маркирањето и режењето со ласери преку Trotec.

Со својот асортиман од производи и преку своите филијали компанијата нуди сè во врска со печатите. Деловните партнери и клиенти низ целиот свет со години се одушевуваат од неговата филозофија на додадена вредност.

Печатите и другите производи се иновативни и приспособени за секаква примена. Сестринската компанија Trotec ја произведува потребната технологија за производителите на печати. Таа им овозможува да прават печати со конзистентно чист и убав отпечаток.

Trodat им испорачува производи на клиенти во повеќе од 150 земји низ целиот свет; уделот на извозот е 98 проценти. Сепак, компанијата не се задоволува со овој успех. Веќе е зацртан курсот на корпоративната стратегија не само за работење на компанијата во иднина, туку, пред сè, за постигнување натамошен растеж во сите области.

Ви нудиме голем асортиман на производи и сè што е поврзано во врска со печатите . Изработката на печатите  е со компјутерско ласерска технологија, а тоа ви гарантира изворедна прецизност и квалитет на производот.

Нарачајте Trodat Печати, со можност за бесплатна достава и дополнителен попуст!

Телефон: +389 2 311 7216

Мобилен: +389 75 466 466

НАША ЛОКАЦИЈА

trodat

Trodat печати – Булевар Крсте Петков Мисирков бр.3, Скопје 1000, Македонија – Спроти МАНУ до Тобако

е-пошта: [email protected]

[email protected]