Trodat смета дека има посебна обврска како лидер на светскиот пазар на печати и сродни производи, и со години е пример како треба да се води сметка за климата. Trodat презема мерки за подобро искористување на енергијата уште од 1993 година, кога Протоколот од Кјото сè уште не беше многу познат, а строгите закони за заштита на животната средина во Австрија не беа на денешното ниво.

Trodat обрнува посебно внимание на ефикасното искористување на енергијата и на внимателно постапување со суровините во текот на целото производство (види го ISO сертификатот). Покрај тоа, Trodat печатите се одликуваат со долготрајност и затоа нема потреба често да се заменуваат.

ЧИСТИ СУРОВИНИ

  • Суровините се во согласност со RoHS (Ограничување на опасни супстанци)
  • Не користиме PVC во производството на компонентите на нашите печати
  • Проверуваме дали нашите снабдувачи имаат сертификати за заштита на животната средина и за квалите

ЕКОНОМИЧНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА

  • Топлината што се ослободува при производството се користи за затоплување на зградите
  • Термопластичните преси се ладат со свеж воздух
  • 100% од електричната енергија потекнува од обновливи извори

ОДГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

  • Околу 80% од производствениот отпад повторно се искористува
  • 100% од механички неоптоварените делови се рециклираат
  • Шкартот при производството е помал од 0,3%
  • Никаде во производниот процес нема одлив на гас или течност

ПОМАЛКУ CO2

  • Original Printy 4.0 е многу помал и полесен од неговиот претходник и содржи и до 65%* рециклирана пластика од потрошувачите. На овој начин емисиите на CO2 се помали и до 49%
  • Емисиите на CO2 се намалени за околу 1.000 тони само со помалата потрошувачка на фосилни горива, природен гас и електрична енергија почнувајќи од средината на 2001 година.
  • Дополнителни 250 метрички тони CO2 помалку се ослободуваат преку замена на маслото за ложење со природен гас.

* ECO-црна и ECO-сива. Понизок процент за другите бои.